ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕРпечати

Врз основа на член 9 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија бр. 13/2006, 86/2008, 6/10 , 42/14, 148/15 и 55/16”)  Јавното претпријатие за државни патишта ја објави следната:

ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
со кои располага Јавното претпријатие за државни патишта

                Јавното претпријатие за државни патишта располага со следните информации од јавен карактер кои треба да бидат достапни до барателите на информации согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер:

1. Закони со кои се уредуваат условите и начинот на управувањето, планирањето, изградбата, реконструкцијата, одржувањето, заштитата, финансирањето и надзорот на јавните патишта, како и основањето и управувањето на Јавно Претпријатие за државни патишта:
- Закон за јавните патишта
- Закон за јавните претпријатија

2. Акти кои произлегуваат од Законот за јавни патишта, со кои поблиску се регулираат и разработуваат одделни одредби од Законот за јавни патишта, а во врска со изградбата, одржувањето, заштитата, наплата на патарина, управувањето со јавните патишта, како и основањето на ЈПДП:
 Правилник за начинот на распределбата на средствата на општините односно градот Скопје, од надоместокот за употреба на јавните патишта за моторните и приклучните возила што имателите на моторни возила го плаќаат при регистрација на возилата
 Одлука за висината на надоместокот за поставување на натписи и рекламни табли во заштитниот појас, приклучување на пристапен пат, поставување на инсталации во трупот на патот и патниот појас, изградба и користење на комерцијални објекти на кој е дозволен пристап на јавен пат надвор од населено место, за прекумерно користење, за вонреден превоз и за штета сторена на патот и на објектите на патот за државните патишта.

 

3. Правни акти со кои се регулира внатрешната организација и работата во Јавно претпријатие за државни патишта:  

4. Одобрувања кои ги издава Јавното Претпријатие за државни патишта, согласно Законот за јавните патишта, издава Одобрувања за:

5. Годишна програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на државните патишта, со која се спроведуваат целите и задачите од петгодишната програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на државните патишта
6. Петгодишна програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на државните патишта за 2013 - 2017 година
7. Програма за изменување на петгодишната програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на државните патишта за 2013  - 2017 година
8. Ревизорски извештаи од Државниот завод за ревизија
9. Ревизорски извештаи од независни ревизорски куќи
10. План за јавни набавки
11. Соопштенија и известувања до јавноста за тековни   активности и проекти
12. Тековни јавни набаки
13. Патна карта на Република Македонија

Граѓаните на Република Македонија можат да добијат информација од јавен карактер што ја изготвило или со која располага Јавното претпријатие за државни патишта со пополнување на - Барање за пристап до информации од јавен карактер, кое може да го добијат во архивата на Јавното претпријатие за државни патишта или да го симнат oд следниов линк.

Барањето за информација може да се достави во писмена форма на адресата на Јавното претпријатие за државни патишта  ул. „Даме Груев“ бр.14, 1000 Скопје,  на  e-mail на службените лица за посредување со информации, како и на факс -  (02) 3220-535.

Граѓаните може да се информираат за  сите прашања од нивен интерес што се поврзани со правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и на телефон: (02)  3228 454 или (02)  3228 044.

Јавното претпријатие за државни патишта, согласно член 8 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер за службени лица за посредување со информации ги определи: 

1. Перица Спасевски- Раководител на Сектор за јавни набавки
     Е-маил: spasevski@roads.org.mk
2. Биљана Лазевска- Раководител на Одделение за управување со човечки ресурси и општи работи
     Е-маил: biljanal@roads.org.mk
3. Кирил Каркалашев - Помошник Раководител на Секторот за одржување на патишта, сообраќајна сигнализација, заштита на патишта, наплата на патарина, одржување на електрична инсталација и анализа на сообраќај
     Е-маил: kirek@roads.org.mk
4. Миле Куновски – Помошник Раководител на Сектор за финансиски прашања
     Е-маил: mile.kunovski@roads.org.mk
5. Дарко Пешевски – Советник за инвестиции и градба на патишта
     Е-маил: d.pesevski@roads.org.mk
6. Механизам за жалби и поплаки од реализација на проекти на ЈП за државни патишта:
     Contact mail: gragjani@roads.org.mk
Формулар за поднесување на жалби и поплаки можете да го преземете во pdf формат тука.
 
Сподели: