ДОЛГОРОЧЕН ПЛАН ЗА РАЗВОЈ НА ПАТНАТА МРЕЖА ВО
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Просторен план на Република Македонија
Просторниот план на Република Македонија претставува управувачки документ, по карактер интегрален развоен проект, со чија помош се дефинира просторната организација на државата и целите и концепциите на просторниот развој на одделни области како и условите за нивна реализација.
Основната стратешка определба на Просторниот план на Републиката е остварување на повисок степен на вкупната функционална интегрираност на просторот на државата, како и обезбедување услови за значително поголема инфраструктурна и економска интеграција со соседните и останатите европски земји.
Во рамките на елементите за дефинирање на просторно-функционалната структура и положбата на Република Македонија, се опфатени сите директни врски на Републиката со соседните држави. Просторниот план е со долгорочен карактер, односно со временски хоризонт до 2020 година. Меѓутоа, тој е базиран на принципот на флексибилност и прилагодливост на развојните процеси и структурни промени.
ИНФО
Фонд за магистрални и регионални патишта на Република Македонија
Адреса: Даме Груев бр.14, 1000 Скопје, Република Македонија
е-маил: contact@roads.org.mk
тел: 02 3118-044, факс: 02 3220-535