ФОНД ЗА МАГИСТРАЛНИ И РЕГИОНАЛНИ ПАТИШТА НА
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
 
Македонска верзија English version
 
ЗА НАС ДОКУМЕНТИ ПАТНА МРЕЖА ПАТАРИНА ТЕНДЕРИ НОВОСТИ ГАЛЕРИЈА
 
ДОКУМЕНТИ
  Закон за јавни патишта
  Долгорочен план за развој на
патната мрежа на Република Македонија
 
  СТРАНСКА ПОМОШ
  КРАТКОРОЧНИ ПРИОРИТЕТИ
 
 
 

КРАТКОРОЧНИ ПРИОРИТЕТИ

До крај на   2007 година се планира  да заврши проектот Изградба на Обиколката на Скопје , I фаза, делница: Хиподром до Шуто Оризари, должина од 14.7 км. Вкупната вредност на проектот е 120.6 милиони ЕВРА, од кои за прва фаза – 50 милиони Евра се обезбедени од ЕИБ. Работите се извршени на првата делница околу 70%.  Втората фаза од проектот Изградба на Обиколка Скопје  делница Шуто Оризари-Сарај во должина од 11.8 км. се предвидува да заврши во 2009 (2008) година. Втората делница оди според динамичкиот план со 30%.

Високата група за транспорт препорачува Европската Комисија, земјите членки на ЕУ како и банките да ја  насочат  својата соработка и финансиски активности на приоритетните оски и хоризонталните мерки, утврдено во нејзиниот извештај. Препораките од ВГ за транспорт се насочени кон: поддршка за континуиран процес на развој на главните оски, фокусирана и координирана имплементација на оските, реализација на хоризонтални мерки. За сите проекти од приоритетната листа број 1 во извештајот, треба да се отпочне со активности околу изработка на проекти или физибилити студии.

Делницата Табановце-Куманово во должина  од 8,4 км. изградена е само 1,1 км. пред граничниот премин Табановце во 1994 година. На овој дел треба да се изврши рехабилитација. Останува да се изградат  преостанатите 7,3 км. за што  е изработена комплетно инвестиционо-техничка документација, и воедно претставува приоритет. Преговорите со Светска Банка за изградба на оваа делница со во  финална фаза.
Со завршување на оваа делница на ниво на автопат,  се очекува сигурен и квалитетен транспорт што ќе овозможи  подобрување на протокот на сообрќај, како и зголемување на трговијата, превозот на патници и стока, и генерлано зголемување на социо-економскиот развој во земјата.
За делницата  Демир Капија-Удово-Смоквица, постојат главни изведбени проекти вклучувајќи и физибилити студија. Оваа проектна документација е финансирана преку Фаре програмата   за прекугранична соработка,  а е подготвена од француската фирма  Scetaroute.C.O. Изградбата на ниво на автопат ќе се одвива во неколку фази. Според стручното мислење на ФМРП, како и меѓународните финансиски институции, е дека во првата фаза  треба да биде изграден нов коловоз со што би се добило автопатско решение со  користење на постоечкиот коловоз, додека во втора фаза би се извршила реконструкцијата на постоечкиот коловоз.
Согласно Scetaroute.C.O студијата, со изградба на оваа делница капацитетот ќе се зголеми за 180%.
Со изградбата ќе се заштедат средства за сите видови патници до 35% и тоа:

  1. намалување на количеството на гориво;
  2. намалување на времетраењeто на патување;
  3. зголемување на безбедноста.

Со изградбата ќе се постигне директно и индиректно влијание  на зголемување на економијата. Директно влијание е вработувањето на локација, времен ефект за време на изградба,  но со значајна поддршка  на градежниот сектор во земјата. Индиректното влијание се карактеризира со:

  1. подобрување на нивото на локалните, индустриски зони во близина на новиот автопат;
  2. подобрување на понудата на туристичките услови со оглед на намалувањето на времето и чинењето на патувањата.

Продолжува континуирана соработка со ГД Регионална политика и ГД Проширување во соработка со ГД Транспорт и енергетика. Според Документот за повеќегодишно планирање (МИПД) во рамките на Компонента III- Регионалeн развој акцент е ставен на инфраструктурните проекти, чија цел е целосно сообраќајно поврзување на Република Македонија со Трансевропските мрежи. Заедничка определба е финализацијата на Коридорот 10, финансирање на изградбата на делниците од автопатот Демир Капија – Удово и Удово – Смоквица,модернизација на железничката пруга Табановце – Гевгелија и комплетирање на проектната документација за Коридор 8. Најголем дел од средствата од оваа компонента ќе бидат наменети за развој на транспортната инфраструктура поради поголема подготвеност за абсорпција на средствата. За оваа компонента потребно е да се подготви Стратешка кохерентна рамка и Оперативна програма.
Посебен акцент на Грчкиот план за економска обнова на Балканот (ГПЕОБ)  е ставен на комплетирање на паневропскиот коридор 10, односно довршување на делниците во Република Македонија  кои немаат автопатско решение: Демир Капија – Удово и Удово – Смоквица во вкупна должина од околу 33 километри. Земајќи ги во предвид трошоците за комплетирање на оваа делница (вкупна вредност на Демир Капија-Удово-Смоквица е 150 милиони ЕУР) .За финансирање на овој проект се вклучени средства од ГПЕОБ , ИПА-Компонента 3 за регионален развој и заеми.

СЕЕТО- По усвојувањето на новиот петтогодишен план за 2007-2011, следи континуирано учество во работата на Управните комитети, редовно доставување на податоци од Националните координатори до СЕЕТО секретаријатот и уплаќање на годишното национално учество во буџетот на СЕЕТО. Имплементацијата на петтгодишниот план 2007-2011 подразбира понатамошно усогласување со acquis communautaire, правна и регулаторна реформа во сите транспортни  потсектори, посебна посветеност на спроведувањето на меките мерки и активна соработка и координација со Меѓународните финансиски институции, Секретаријатот на транспортните Коридори и други заинтересирани страни.

CARDS   2006 - Техничка помош на МТВ за подготовка на Национална транспортна  стратегија, Инвестициски план за патишта и реструктуирање на патниот сектор

Подготовка  на национална транспортна стратегија

Целта на проектот е подготовка на долгорочна Национална транспортна стратегија (2007-2017) која ќе ги одреди основните насоки за развој на транспортната политика во РМ преку идентификување на цели и стратегија за развој на патниот сектор. Главните насоки за развој на патниот сектор во РМ ќе произлезат врз основа на следниве анализи кои ќе  ги опфати Стратегијата:

  1. Интерконекција на регионите во РМ како и поврзување со Европските транспортни линии;
  2. Анализа на развојот на транспортниот систем (Развојни трендови, Состојба на националната патна мрежа, Одржување на патишта, Сигурност на патиштата, СВОТ Анализа);
  3. План за развој на патната мрежа;
  4. Можности за странски директни инвестиции како и поддршка преку кредити од меѓународни финансиски институции;
  5. Институционални мерки;
  6. Воведување на конкуренција за одржување на патишта.

Подготовка на инвестициски план за патишта

Целта на проектот е подготовка на инвестициски план за патишта со цел подобрување на инвестициската клима во транспортниот сектор. Во рамки на проектот ќе се изврши континуирана соработка со МТВ и ФМРП со цел да се утврдат приоритетите за формулирање на инвестицискиот план. Ќе се подготви кратка листа на приоритетни проекти согласно 5 годишниот план на СЕЕТО, Финалниот извештај на високата група за транспорт и Студијата на JBIC за развој на транспортна мрежа во Западен Балкан.Исто така ќе се подготви концепциски дизајн за проектите за да се овозможи подготовка на економска анализа и анализа за заштита на животната средина. Подготовката на инвестицискиот план започна во септември, 2006 година и се очекува да заврши во април, 2007 година.

 

 

ИНФО
Фонд за магистрални и регионални патишта на Република Македонија
Адреса: Даме Груев бр.14, 1000 Скопје, Република Македонија
е-маил: contact@roads.org.mk
тел: 02 3118-044, факс: 02 3220-535
ЛИНКОВИ
Влада на Р.Македонија

Министерство за транспорт и врски
Авто мото сојуз на македонија
Сојуз на возачите на Македонија 

 © 2007 Фонд за магистрални и регионални патишта на Република Македонија   |  dsgn by Flash multimedia