ФОНД ЗА МАГИСТРАЛНИ И РЕГИОНАЛЕНИ ПАТИШТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
 
Македонска верзија English version
 
ЗА НАС ДОКУМЕНТИ ПАТНА МРЕЖА ПАТАРИНА ТЕНДЕРИ НОВОСТИ
 
АКТУЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
 
ИНФО
Фонд за магистрални и регионални патишта на Република Македонија
Адреса: Даме Груев бр.14, 1000 Скопје, Република Македонија
е-маил: contact@roads.org.mk
тел: 02 3118-044, факс: 02 3220-535
ЛИНКОВИ
Влада на Р.Македонија

Министерство за транспорт и врски
Авто мото сојуз на македонија
Сојуз на возачите на Македонија 

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАМЕРА ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ПРОЕКТ

 

датум: 25.02.2008

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАМЕРА ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ПРОЕКТ
Изградба на регионален пат Р-303 од улица Салвадор Аљенде-Средно Водно-Сончев Град

Информации за инвеститорот:

Фонд за магистрални и регионални патишта

ул. Даме Груев бр. 14, Скопје

тел. 02 3118 - 044; факс: 02 3220 - 535

Web site: www.roads.org.mk

Лица за контакт: Ставре Темелковски и Жаклина Богданова Стојановска

ул. Даме Груев бр. 14, Скопје

тел. 02 3118 - 044; факс: 02 3220 - 535

e-mail: zaklinab@roads.org.mk

Владата на Република Македонија, преку Министерството за транспорт и врски и Фондот за магистрални и регионални патишта, има намера да изведе проект за изградба на регионален пат Р-303 од улица Салвадор Аљенде-Средно Водно-Сончев Град. Изградбата на овој регионален пат е врз основа на Годишната програма на Фондот за магистрални и регионални патишта за 2008 година (Службен весник бр. 146 од 06.12.2007 и Службен весник бр. 11 од 22.01. 2008)
Согласно Уредбата за определување на проектите и критериумите врз основа на кои се утврдува потребата за спроведување на постапката за утврдување на потребата од оцена на влијанието врз животната средина (Сл. весник на Република Македонија бр. 74/2005), изведбата на ваков тип проекти спаѓа во Прилог 2. Според тоа ова е проект за кој е потребно да се утврди потребата за спроведување постапка за оцена на влијанието врз животната средина -(Генерално определени проекти) точка 16, што значи

дека секоја измена или проширување на проектите наведени во Прилог 1 или во прилог 2, постојните, одобрени, реализирани проекти или проекти во процес на реализација кои што би можеле да имаат значителни негативни ефекти врз животната средина.
Регионалниот пат Р-303 од улица Салвадор Аљенде-Средно Водно-Сончев Град ќе биде во должина од 2,5 км. Изградбата на оваа делница ќе овозможи непречена комуникација на локалитетот Сончев Град со центарот на град Скопје.
Целта на проектот е да се изгради современ регионален пат со две ленти, бидејќи само на еден дел од регионалниот пат Р-303 егзистира пат со асфалтбетонска конструкција и тоа од улицата Салвадор Аљенде до Средно Водно кај крстосницата со патот кон Детското одмаралиште и патот од Средно Водно понатаму продолжувајќи покрај манастирот Св. Пантелејмон и Нерези кон Скопје.
Во непосредна близина на трасата од оваа делница нема населени места.

Чувствителна зона во делот на изградбата на делницата е Водно кој согласно Законот за природа е прогласен за предел со посебни природни карактеристики.
За изградба на оваа делница, од аспект на заштита на животната средина, цениме дека треба да се изготви Елаборат за оценка на влијанијата врз животната средина, во кој ќе бидат опфатени сите аспекти за заштита на животната средина и природата и истиот да биде доставен до Министерството за животна средина и просторно планирање на негово одобрување односно добивање на согланост за истиот.
Карактеристики на можните влијанија врз животната средина:
За време на изградба на регионалниот пат можни се одредени минимални влијанија врз животната и природната средина и тоа од аспект на:
бучава – за време на работа на машините,
вода - загадување на води не се очекува бидејки ќе нема активности кои би можеле да влијаат врз загадувањето на подпочвените води, а во моментов не располагаме со информации за евентуално постоење на површински води,
почва – за време на работа на машините од евентуално излевање на гориво и масла,
воздух – од работата на машините.
Опсегот на сите претходно наведени евентуални влијанија ќе бидат само на просторот каде што ќе се одвиваат активностите за изградба на регионалниот пат и ќе немаат поширок обем, а мерките за нивно намалување и нивно одстранување ќе бидат опфатени во Елаборатот за оцена на влијание врз животната средина.

Дополнителни информации:
Надлежен орган за издавање на дозвола - решение за оцена на влијанијата врз животната средина е Министерството за животна средина и просторно планирање.




ДО
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА
И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ
- Управа за животна средина -
С К О П Ј Е





Предмет: Писмо за намери

Дата: 21.02.2008 година



Почитувани,

Во прилог Ви доставувам Писмо за намера за Изградба на регионален пат Р-303 од улица Салвадор Аљенде-Средно Водно-Сончев Град со цел отпочнување на постапка за утврдување на потреба од оценка на влијанието врз животната средина согласно Закон (Службен весник на Република Македонија. број 74/2005)
Ве молиме доколку сте во можност, истото во најкус можен рок, да ја обајвите на веб страната на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Однапред Ви благодарам на соработката.


Со почит,



ДИРЕКТОР
Наташа Валкановска

назад
 © 2007 Фонд за магистрални и регионални патишта на Р.М.   |  dsgn by Flash multimedia