Фонд за магистрални и регионални патишта на Република Македонија
Адреса: Даме Груев бр.14, 1000 Скопје, Република Македонија
е-маил: contact@roads.org.mk
тел: 02 3118-044, факс: 02 3220-535
ЛИНКОВИ
Покана за присуство на јавно отварање на Понуди за изградба на автопат Е-75, делница Куманово-Табановце
датум: 17.03.2008
Ве информираме дака на ден 21.03.2008 година со почеток во 12:00 часот ќе бидат јавно отворени пристигнатите понуди за изградба на автопат Е-75, делница “Табановце-Куманово”. Делницата е со должина од 7.62 км. Рокот за изградба е 18 месеци.
Набавката на градежните работи се спроведува со меѓународен тендер за градежни работи по процедури пропишани од Светска Банка од Вашингтон.
Јавното отварање ќе се одржи во Фондот за магистрални и регионални патишта, во присуство на претставници на понудувачите и други лица кои ќе изразат желба да присуствуваат.
Број на понудувачи кои подигнале Тендерска документација: 15 од кои 4 се домашни и 11 странски.