ФОНД ЗА МАГИСТРАЛНИ И РЕГИОНАЛЕНИ ПАТИШТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
 
Македонска верзија English version
 
ЗА НАС ДОКУМЕНТИ ПАТНА МРЕЖА ПАТАРИНА ТЕНДЕРИ НОВОСТИ
 
АКТУЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
 
ИНФО
Фонд за магистрални и регионални патишта на Република Македонија
Адреса: Даме Груев бр.14, 1000 Скопје, Република Македонија
е-маил: contact@roads.org.mk
тел: 02 3118-044, факс: 02 3220-535
ЛИНКОВИ
Влада на Р.Македонија

Министерство за транспорт и врски
Авто мото сојуз на македонија
Сојуз на возачите на Македонија 

Објава до Општините во врска со Програмата за рехабилитација и реконструкција на локалната патна мрежа

 

датум: 19.03.2008

Министерство за транспорт и врски
-Фонд за магистрални и регионални патишта -



Објава до Општините во врска со Програмата за рехабилитација и реконструкција на локалната патна мрежа

Владата на Република Македонија отпочна со реализација на Програмата за рехабилитација и реконструкција на регионалната и локалната патна мрежа во Република Македонија. Овој проект на Владата на Република Македонија ќе биде финансиран преку заем во износ од 70 милиони Евра обезбеден од меѓународни финансиски институции кој ќе се реализира во следните три години. За инвестиции во локалната патна мрежа, Општините, од овој проект Владата издвои средства во висина од 34 милиони Евра. Овие средства се наменети за подобрување, рехабилитација и реконструкција на постојните локални патишта. Програмата ќе биде управувана и извршувана од страна на Фондот за магистрални и регионални патишта (ФМРП).

Вкупниот предвиден износ ќе им биде распределен на сите општини врз основа на утврдена формула од која ќе произлезе одредена сума за секоја Општина. Формулата и критериумите по кои ќе се доделуваат средствата се утврдуваат во консултација со ЗЕЛС и по нивно прифаќање од Светска Банка истите ќе бидат објавени на интернет страниците на Министерството за транспорт и врски (www.mtc.gov.mk), на Фонд за магистрални и регионални патишта (www.roads.org.mk) и ЗЕЛС www.zels.org.mk. На овие интернет страници ќе бидат прикажани и поединечните износи кои ќе бидат алоцирани на секоја Општина.

Финансиските средства за Програмата ќе бидат спроведувани и администрирани од страна на ФМРП. Општините кои сакаат да ги користат средствата од оваа Програма треба да подготват апликација која ќе биде доставена до ФМРП. Предложената апликација од страна на Општините треба да ги содржи следниве документи:
1.Изработен основен-изведбен проект не постар од 6 месеци, ревидиран од соодветна институција во еден хартиен примерок и во електронска верзија. Генерален опис на предложениот инвестиционен проект и негова оправданост. Ревидираниот проект треба да содржи и проценка на чинењето на трошоците.
2.Одобрение за градба добиена од соодветната локална самоуправа.
3.Копија од Одлука на Советот на Општината со која се одобрува проектот. Доколку се аплицира за повеќе локални патни правци во Одлуката на Советот треба истите да бидат наведени редоследно и по приоритет на реализација.
4.Копија од Одлука на Градоначалникот со која се одобрува проектот. Доколку се аплицира за повеќе локални патни правци во Одлуката на Градончалникот треба истите да бидат наведени редоследно и по приоритет на реализација.
5.Извештај од јавна расправа со локалното население во кој ќе има опис на јавните расправи одржани за време на проектниот процес на селекција. Во прилог на овој извештај треба да се достават записници од јавните расправи со кои се докажува оправданоста на предложениот проект.

Проектните предлози ќе ги оцененува ФМРП и доколку е потребно, од Општината ќе се побара дополнително да ја ревидира проектната документација.

Општините кои сакаат да ги интегрираат своите алокации (доделени средства) и заеднички да инвестираат во пооделни проекти за локални патишта, треба да достават заеднички проекти кои ќе ги содржат сите горенаведени елементи.

Општините своите апликации ќе ги доставуваат во Фондот за магистрални и регионални патишта почнувајќи од 01.04.2008 година. Со апликациите задолжително треба да се достави и листата дадена во прилог за проверка на документите потребни за аплицирање на предложениот проект. За секој поедничен предложен проект потребно е доставување на засебна апликација со сите наведени процедури и документи. За реализирање на предложените проекти Фондот за магистрални и регионални патишта, во согласност со процедурите на Светска Банка, со секоја општина поединечно ќе потпише протокол за соработка во кој ќе биде регулиран начинот на извршување на сите набавки (тендерирање, надзор и др).

Во текот на 2008 и 2009 година за локалните патишта тендерирањето ќе се одвива во пет фази поделени на следниов начин:
1.Прва фаза-до 31-ви мај 2008 година
2.Втора фаза-до 1-ви септември 2008 година
3.Трета фаза-до 31-ви декември 2008 година
4.Четврта фаза-до 31-ви мај 2009 година
5.Петта фаза-до 1-ви септември 2009 година

Апликациите треба да се достават во Фондот за магистралнии регионални патишта на адреса ул. Даме Груев бр.14 1000 Скопје.

Веднаш по доставувањето на комплетната потребна документација во Фондот за магистрални и регионални патишта и по истекувањето на рокот во кој е поднесена апликацијата следуваат подготвителните активности за реализирање на проектот. Доколку апликацијата не е доставена во предвидениот рок истата ќе биде земена во предвид за тендерирање во следната фаза.
За Програмата за локални патишта за Општините и за подобро запознавање на потребните процедури во Фондот за магистрални и регионални патишта ќе биде организирана презентација која ќе се одржи на 20 и 21 март 2008 година.

ФМРП ги поканува локалните самоуправи да испратат свои претставници кои ќе добијат детални информации за Програмата, како што се процедурите за апликација, процедурите за селекција, минималните применети технички стандарди итн.

Прилог: Листа за проверка на документи потребни за аплицирање за проектот за реахабилитација и реонструкција на локалната патна мрежа


За понатамошна помош и информации Ве молиме контактирајте со:


Име: Катерина Панова Илиевска
Титула: Шеф на кабинет
Фонд за магистрални и регионални патишта
Тел.: 02/3118-044
Е-маил: katerinap@roads.org.mk



ЛИСТА ЗА ПРОВЕРКА НА ДОКУМЕНТИ ПОТРЕБНИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ПРОЕКТОТ ЗА РЕХАБИЛИТАЦИЈА И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ЛОКАЛНА ПАТНА МРЕЖА




1.ИЗРАБОТЕН ОСНОВЕН-ИЗВЕДБЕН ПРОЕКТ
НЕ ПОСТАР ОД 6 МЕСЕЦИ, РЕВИДИРАН ОД
СООДВЕТНА ИНСТИТУЦИЈА ВО ЕДЕН ХАРТИЕН
ПРИМЕРОК И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ВЕРЗИЈА1.

2.ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДБА СООДВЕТНАТА
ЛОКАЛНА САМОУПРАВА

3.КОПИЈА ОД ОДЛУКА ОД СОВЕТОТ
НА ОПШТИНАТА2

4. КОПИЈА ОД ОДЛУКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ3

5.ИЗВЕШТАЈ ОД ЈАВНА РАСПРАВА СО
ЛОКАЛНОТО НАСЕЛЕНИЕ
ПРИЛОГ ЗАПИСНИЦИ4




1) Технички услови кои треба да ги задоволува ревидентот на проектот: референтна листа на ревизија и надзор од нискоградба во последните 5 години, лабараторија за испитување на материјали и суровини, сертификат за за вршење на горенаведените дејности.

2)Со одлуката од Советот на Општината треба да се се потврди изборот на приоритетен патен правец содржан во апликацијата.

3) Со одлуката од Градоначалникот на Општината треба да се се потврди изборот на приоритетен патен правец содржан во апликацијата.

4)Цел на Извештајот со локалното население е утврдување на оправданост
на изборот на локалниот пат (патишта) наведен/и во апликацијата.

назад
 © 2007 Фонд за магистрални и регионални патишта на Р.М.   |  dsgn by Flash multimedia