Фонд за магистрални и регионални патишта на Република Македонија
Адреса: Даме Груев бр.14, 1000 Скопје, Република Македонија
е-маил: contact@roads.org.mk
тел: 02 3118-044, факс: 02 3220-535
ЛИНКОВИ
Објава до Општините за распределба на средства од Програмата за рехабилитација и реконструкција на регионалните и локалните патишта
датум: 31.03.2008
Од Проектот за рехабилитација и реконструкција на регионалните и локалните патишта, за локалната патна мрежа се предвидени инвестиции во висина од 34 милиони Евра. Средствата предвидени за Општините се распределени според утврдените критериуми и согласно истите за секоја Општина ќе биде распределен соодветен износ. Аплицирањето за овој проект започнува на 01.04.2008 година. За секој проект потребно е да се достави поединечна апликација со следниве документи: изработен основен-изведбен проект (во 1 хартиен примерок), ревидиран основен-изведбен проект не постар од 6 месеци (во електронска верзија), копија од одлука на Советот на општината, копија од одлука на Градоначалникот, Одобрение за градба и Извештај од јавна расправа со локалното население по месни заедници(прилог записници). Деталите за потребните документи се дадени во Објавата испратена до Општините.