|
|  |
ОДЛУКА ЗА ВИСИНА НА ПАТАРИНИТЕ НА АВТОПАТИШТАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Врз основа на член 103, став 2 од Законот за јавни патишта (Службен весник на Република Македонија бр.29/96 и 40/99), Владата на Република Македонија на седницата одржана на 27.06.2000 година донесе:
ОДЛУКА
ЗА ВИСИНАТА НА НАДОМЕСТОКОТ ШТО СЕ НАПЛАТУВА ЗА УПОТРЕБА НА АВТОПАТ И НЕГОВ ДЕЛ
Член 1
Со оваа одлука се утврдува висината на надоместокот за употреба на автопат и негов дел што го плаќаат возилата регистрирани во Република Македонија (возила со домашна регистрација) и возилата регистрирани надвор од Република Македонија (возила со странска регистрација).
Член 2
Висината на надоместокот за употреба на автопат и негов дел за возилата од член 1 на оваа одлука се утврдува врз основа на малопродажната цена на литар гориво МБ-98, во зависност од категоријата на возилата и должината на делницата.
Наплатата на надоместокот се врши во денари.
Член 3
Возилата што плаќаат надоместок за употреба на автопат и негов дел се распоредуваат во следните категории и тоа:
Прва категорија-моторни возила со максимална габаритна висина од 1,7 м и максимална габаритна должина од 5,5 (патнички).
Втора категорија моторни возила со максимална габаритна висина од 3,3, м и максимална габаритна должина од 9,5м (патнички возила со приколка, џипови, комби и полутоварни возила).
Трета категорија моторни возила со максимална габаритна висина од 4,2м и максимална габаритна должина од 10,5 м (џипови со приколка, полутоварни возила со приколка, комби возила со приколка, товарни возила и автобуси).
Четврта категорија на моторни возила со габаритна висина поголема од 4,2м и габаритна должина поголема од 10,5м (товарни возила со приколка, автобуси и шлепери).
Член 4
Висината на надоместокот од прва категорија во зависност од должината на делницата на автопатот се утврдува во следните износи:
-Куманово-Миладиновци и обратно
-Скопје-Петровец
-Петровец-Велес
-Велес-Градско
-Скопје-Миладиновци
-Тетово-Гостивар
-Скопје-Тетово |
0,750 литри
0,540 литри
1,200 литри
0,900 литри
0,540 литри
0,700 литри
1,200 литри |
Висината на надоместокот за возилата од втора категорија во зависност од должината на делницата на автопатот се утврдува во следните износи:
-Куманово-Миладиновци и обратно
-Скопје-Петровец
-Петровец-Велес
-Велес-Градско
-Скопје-Миладиновци
-Тетово-Гостивар
-Скопје-Тетово |
1,130 литри
0,800 литри
1,800 литри
1,350 литри
0,800 литри
1,100 литри
1,800 литри |
Висината на надоместокот за возилата од трета категорија во зависност од должината на делницата на автопатот се утврдува во следните износи:
-Куманово-Миладиновци и обратно
-Скопје-Петровец
-Петровец-Велес
-Велес-Градско
-Скопје-Миладиновци
-Тетово-Гостивар
-Скопје-Тетово |
2,250 литри
1,600 литри
3,600 литри
2,700 литри
1,600 литри
2,200 литри
3,600 литри |
Висината на надоместокот за возилата од четврта категорија во зависност од должината на делницата на автопатот се утврдува во следните износи:
-Куманово-Миладиновци и обратно
-Скопје-Петровец
-Петровец-Велес
-Велес-Градско
-Скопје-Миладиновци
-Тетово-Гостивар
-Скопје-Тетово |
4,500 литри
3,200 литри
7,200 литри
5,400 литри
3,200 литри
4,400 литри
7,200 литри |
Член 5
Висината на надоместокот за употреба на автопат и негов дел се пресметува во денари со множење на количините од член 4 со малопродажната цена на литар гориво МБ-98. Усогласувањето на надоместокот се врши во рок од 5 дена по промената на малопродажната цена на гориво, доколку промената е над 10% во однос на последната утврдена цена на горивото.
Член 6
При пресметување на износите на надоместок се врши заокружување на износите од 1,00 до 4,99 денари на 5,00 денари, износите од 5,00 до 9,99 денари на 10,00 денари.
Член 7
Усогласувањето на надоместокот со малопродажната цена на горивото го врши Фондот за магистрални и регионални патишта.
Член 8
Имателите на моторни возила може да извршат претплата за употреба на наведените делници од автопатот на начин и услови што ги утврдува Фондот за магистрални и регионални патишта.
Член 9
Средствата остварени од наплатата на надоместокот утврден со оваа одлука се приходи на Фондот за магистрални и регионални патишта и се уплатуваат на посебна сметка во Заводот за платен промет.
Член 10
Со влегувањето во сила на оваа одлука, престанува да важи Одлуката за висината на надоместокот за употреба на делниците од автопатот во Република Македонија за возилата регистрирани во Република Македонија (со домашна регистрација) (Службен весник на Р.М. бр.41/96) и Одлуката за висината на надоместокот за употреба на делниците за автопат во Република Македонија за возилата со странска регистрација (Сл. Весник на Р.М. бр. 43/96).
Член 11
Оваа одлука влегува во сила од денот на објаувањето во Службен весник на Република Македонија.
Бр. 23-3151/1
27. јуни 2000 година
Скопје |
Претседател на Владатана Република Македонија
Љубчо Георгиевски |
______________________________________________________________
Врз основа на член 36 став 3 од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија бр. 59/2000, 12/2003, 55/2005 и 37/2006) и член103, став 2 од Законот за јавни патишта („Службен весник на Република Македонија бр. 26/1996, 40/1999, 96/2000, 29/2002, 68/2004 и 31/2006), Владата на Република Македонија на седницата одржана на ___.02.2007 година донесе:
О Д Л У К А
ЗА ВИСИНАТА И НАЧИНОТ НА НАПЛАТАТА НА НАДОМЕСТОКОТ ЗА УПОТРЕБА НА АВТОПАТ ИЛИ МАГИСТРАЛЕН ПАТ, НИВЕН ДЕЛ ИЛИ ОБЈЕКТ НА ПАТОТ (АВТОПАТСКА ТАКСА)
Член 1
Со оваа Одлука се утврдува висината и начинот на наплатата на надоместокот за употреба на автопат или магистрален пат, нивен дел или објект на патот(во понатамошниот текст-автопатска такса).
Член 2
Висината на надоместокот за употреба на автопат или магистрален пат, нивен дел или објект на патот (автопатска такса) се утврдува врз основа на износот на надоместокот за поминат километар, категоријата на возилото и должината на делницата.
Член 3
Износот на надоместокот за поминат километар се утврдува врз основа на просечната цена за изградба на еден километар автопат (една коловозна лента), просечниот дневен сообраќај во тековната година и периодот на амортизација.
Врз основа на напред наведените параметри, износот на надоместокот за поминат километар изнесува 2,5789 денари.
Висината на автопатската такса согласно категоријата на возилото, се пресметува со множење на износот на надоместокот за поминат километар со должина на делницата на автопатот.
Пресметувањето на автопатската такса се врши со заокружување на износите на 10 денари (од 1,00 до 4,99 денари на пониската вредност и од 5,00 до 9,99 денари на повисоката вредност).
Член 4
Во зависност од видот на возилото, бројот на осовините и висината кај предната осовина, возилата се распоредуваат во четири категории:
- прва категорија: возила со две осовини и висина кај предната осовина до 1,3 метри,
- втора категирија: возила со повеќе од две осовини и висина кај предната осовина до 1,3 метри,
- трета категорија: возила со две и три осовини и висина кај предната осовина од 1,3 метри или поголема,
- четврта категорија: возила со повеќе од три осовини и висина кај предната осовина поголема од 1,3 метри,
Висина на возилото кај предната осовина, се мери вертикално од коловозот до највисоката точка на возилото, над предната осовина.
Член 5
Вредноста на автопатската такса, за поединечните категории на возилата, се определува на начин што:
- вредноста на автопатската такса за возилата од прва категорија, (која се зема за основна категорија) се множи со коефициент 1;
- вредноста на автопатската такса за возилата од втора категорија, се множи со коефициент 1,5;
- вредноста на автопатската такса за возилата од трета категорија, се множи со коефициент 2,75;
- вредноста на автопатската такса за возилата од четврта категорија, се множи со коефициент 4.
Член 6
Автопатската такса која се наплаќа во Република Македонија утврдена согласно член 3 од оваа одлука изнесува:
| |
КАТЕГОРИЈА НА ВОЗИЛАТА |
I |
II |
III |
IV |
МЕЃУСЕБЕН СООДНОС -КОЕФИЦИЕНТ
МЕЃУ КАТЕГОРИИТЕ НА ВОЗИЛАТА |
1,00 |
1,50 |
2,75 |
4,00 |
Наплатна станица |
Делница |
АВТОПАТСКА ТАКСА ВО ДЕНАРИ |
Романовци |
Куманово - Миладиновци и обратно |
60 |
80 |
150 |
220 |
Петровец |
Скопје - Петровец и обратно |
40 |
50 |
100 |
150 |
Сопот |
Петровец - Велес |
80 |
120 |
220 |
330 |
Отовица |
Велес - Петровец |
80 |
120 |
220 |
330 |
Стоби |
Велес - Градско и обратно |
60 |
100 |
180 |
260 |
Миладиновци |
Скопје - Миладиновци и обратно |
40 |
60 |
100 |
150 |
Тетово |
Тетово - Гостивар и обратно |
30 |
40 |
80 |
110 |
Гостивар |
Тетово - Гостивар и обратно |
30 |
40 |
80 |
110 |
Глумово |
Скопје - тетово и обратно |
40 |
60 |
110 |
160 |
Желино |
Скопје - Тетово и обратно |
40 |
60 |
110 |
160 |
Член 7
Плаќањето на автопатската такса, корисниците може да го вршат по пат на готовинско и безготовинско плаќање.
Член 8
Со денот на влегувањето на сила на оваа одлука, престанува да важи Одлуката за висината на надоместокот што се плаќа за употреба на автопат и негов дел (“Службен весник на Република Македонија” бр.52/00).
Член 9
Оваа Одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во ‘‘Службен весник на Република Македонија‘‘, а ќе се применува од 01.01.2008 година.
Број 19-1206/1
6 март 2007 година
Скопје |
Заменик на претседателот
на Владата на Република Македонија,
м-р. Зоран Ставрески с.р |
|
 |
| ИНФО |
 |
Фонд за магистрални и регионални патишта на Република Македонија
Адреса: Даме Груев бр.14, 1000 Скопје, Република Македонија
е-маил: contact@roads.org.mk
тел: 02 3118-044, факс: 02 3220-535 |
 |
|
 |
 |
 |
|
| ЛИНКОВИ |
 |
|
 |
|
|