ФОНД ЗА МАГИСТРАЛНИ И РЕГИОНАЛНИ ПАТИШТА НА
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
 
Македонска верзија English version
 
ЗА НАС ДОКУМЕНТИ ПАТНА МРЕЖА ПАТАРИНА ТЕНДЕРИ НОВОСТИ ГАЛЕРИЈА
 
ПАТАРИНА
  Ценовник по делници
  Начин на плаќање
  Мрежа на автопатиштата со наплатни станици
 

ПАТАРИНА

Според Законот за јавни патишта ("Службен весник на РМ" бр.26/96) предвидено е дел од финансирањето на јавните патишта да се обезбеди од надоместок (патарина) за употреба на автопат и негов дел (член 96), доколку на истиот правец постои друг јавен пат со современ коловоз (член 103).

Начинот на одредување на висината на надоместокот за употреба на делниците од автопатот (автопатска такса - патарина) за возилата со странска и домашна регистарска таблица е утврдена во член 4 од "Одлуката за висината на надоместокот за употреба на автопатот и негов дел", донесена од Владата на Република Македонија и објавена во "Службен весник на РМ" бр.52/2000.

Одлуката е донесена врз основа на член 103 став 2 од Законот за јавни патишта.

Корисниците на автопатот можат да извршат и претплата за користење на делниците од автопатот на кои е предвидена наплата на начин и услови што со посебен акт ги утврдува Фондот за магистрални и регионални патишта.

Прибирањето на надоместокот за користење на автопатот во Република Македонија се врши преку отворен систем за наплата составен од 10 наплатни станици:

Наплатна станица

Магистрален пат : делница 

"Романовце"

M-1: Куманово - Миладиновци

"Сопот"

M-1: Перовец - Велес

"Отовица"

M-1: Велес - Петровец

"Стоби"

M-1: Велес - Градско

"Аеродром"

M-3: Скопје - Перовец

"Миладиновци"

M-4: Скопје - Миладиновци

"Глумово"

M-4: Скопје - Групчин

"Желино"

M-4: Групчин - Тетово

"Тетово"

M-4: Тетово - Гостивар

"Гостивар"

M-4: Тетово - Гостивар

Согласно Законот за јавните патишта (член 103 став 4) наплатата на посебниот надоместок (автопатска такса - патарина) за користење на автопатот го врши јавното претпријатие "Македонија пат", при што задолжително на корисникот му издава потврда (фискална сметка) за платениот надоместок.

Плаќањето на надоместокот за користење на автопат (автопатска такса - патарина) е задолжителна за сите корисници на автопатот и негов дел.

Согласно Законот за Регистрирање на готовински плаќања, член 2, задолжително е издавање на фискална сметка при готовински плаќања за извршениот промет, односно услуга.
Согласно член 8 од Законот за изменување и дополнување на Законот за јавни патишта ("Службен весник на РМ", бр.30/2007) ќе се изрече глоба од 1000 до 2500 евра во денарска противвредност за прекршок на претпријатие или друго правно лице ако не издаде потврда (фискална сметка) за наплатениот надоместок (автопатска такса - патарина).
Глоба од 100 до 300 евра во денарска противвредност ќе се изрече на физичко или правно лице ако потврдата (фискалната сметка) не ја чува во возилото за цело време на движење по патот или не ја покаже на субјектите надлежни за надзор над спроведувањето на одредбите од Законот за јавни патишта.

Врз основа на член 1 од Законот за изменување на Законот за јавни патишта ("Службен весник на РМ" бр. 31/2006) се ослободуваат од плаќање на автопатска такса - патарина возилата и тоа:
    1. возила со полициска придружба;
    2. видливо означени возила на Армијата на Република Македонија, полицијата, итна медицинска помош, Црвениот крст на Република Македонија, противпожарната служба и погребални возила;
    3. возила на лица заболени од дистрофија, мултиплекс склероза, церебрална парализа, параплегија, хемиплегија, квадриплемија, детска парализа (полиомиелитис), лица на дијализа и лица со ампутација на рака или нога со признато телесно оштетување над 80%, утрдено со акт на надлежната комисија во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Македонија.

Технолошки решенија применети на наплатните станици во Република Македонија

Наплата на патарина со користење билети за наплата:

Во периодот до 1997 година наплатата на патарина се реализираше со претходно отпечатени билети за домашни и странски возила за секоја наплатна станица, посебно за секоја категорија од четирите категории на возила, во отворен систем на поставеност на наплатните станици на автопатот во Република Македонија.

Наплата на патарина со компјутерски систем

Компјутерскиот систем во наплатата на патарината е воведен со цел да се зголеми ажурноста и контролата во собирањето на податоците за поминатите возила и наплатата, како и да се олесни работата на вработените во наплатните станици.

Во текот на 2006 година е спроведена фискализација на десетте наплатни станици, при што е направена промена на дел од застарената компјутерска опрема и на програмот за наплата на патарина.

Програмот е отворен за надградување на периферни уреди со цел да се создаде современ интегриран систем за наплата на патарина кој ќе ги примени современите ИТ технолгии што се применуваат во другите системи за наплата на патарина.

Начинот на плаќање на патарината се врши готовински на наплатната станица каде корисникот добива фискална сметка или пак, со претплата купувајќи соодветни билети за патарина за категоријата на возилото од ЈП"Македонија пат".

Анализирајќи го сегашниот систем за наплата на патарината се наметна потребата од имплементирање на нов систем за наплата на патарина во насока на негово подобрување и модернизација како и усогласување со директивите на Европската Унија. На тој начин ќе се постигне потполна интероперабилност со другите системи.
Во правец на реализирање на предвидената програма, Фондот за магистрални и регионални патишта изготвува тендерска документација за нов современ систем за наплата на патарина.

ИНФО
Фонд за магистрални и регионални патишта на Република Македонија
Адреса: Даме Груев бр.14, 1000 Скопје, Република Македонија
е-маил: contact@roads.org.mk
тел: 02 3118-044, факс: 02 3220-535
ЛИНКОВИ
Влада на Р.Македонија

Министерство за транспорт и врски
Авто мото сојуз на македонија
Сојуз на возачите на Македонија 

 © 2007 Фонд за магистрални и регионални патишта на Република Македонија   |  dsgn by Flash multimedia