ФОНД ЗА МАГИСТРАЛНИ И РЕГИОНАЛНИ ПАТИШТА НА
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
 
Македонска верзија English version
 
ЗА НАС ДОКУМЕНТИ ПАТНА МРЕЖА ПАТАРИНА ТЕНДЕРИ НОВОСТИ ГАЛЕРИЈА
 
ДОКУМЕНТИ
  Закон за јавни патишта
  Долгорочен план за развој на
патната мрежа на Република Македонија
 
  СТРАНСКА ПОМОШ
  КРАТКОРОЧНИ ПРИОРИТЕТИ
 
 

ТЕКОВНА СОСТОЈБА 

СТРАТЕШКИ ДОКУМЕНТИ

Финален извештај  на Високата група за транспорт

Со потпишувањето на Меморандумот за разбирање за главната регионална  транспортна мрежа на Југоисточна Европа во јуни 2004 година во Луксембург, земјите потписнички ја потврдија цврстата политичка волја  за развој на главната транспортна мрежа на Југоисточна Европа и за промовирање на административни и регулаторни процедури со кои ќе се осигура нејзиното ефективно функционирање. Меморандумот предвидува и блиска соработка во хармонизирањето на техничките стандарди и практики, со цел истите да се усогласат со европските практики. Земјите потписнички се согласија со Меморандумот за разбирање, како следен чекор кон заедничката цел за регионална соработка  во Југоисточна Европа.
Во тој контекст и со цел да се проучат, идентификуваат и препорачаат најприоритетните врски на ЕУ кон соседите, ЕК одлучи да се формира Висока група за транспорт на ЕК (High Level Group).
Една од главните задачи на Групата беше да избере ограничен број на главни транснационални транспортни оски за подобро поврзување на ЕУ со соседните земји, со што ќе се овозможи подобра соработка во меѓународни рамки.
На последниот состанок кој се одржа на 30 ноември 2005 година, беше усвоен и Финален извештај во кој и двата Коридора 10 и 8 се препознатливи како транс-национални оски и како мултимодални правци.
Како приоритетни проекти идентификувани од страна на Високата група за Република Македонија за реализација до 2010 година предвидени  се:

  1. Изградба на  автопатот Куманово-Табановце (15 милиони евра)
  2. Изградба на автопатот Демир Капија-Удово-Смоквица (150 милиони евра)
  3. Изградба на автопатот граничен премин со Република Албанија-Скопје -граница со Република Бугарија (832 милиони евра)
  1. Повеќе годишен план  на  Транспортната опсерваторија за Југоисточна Европа - СЕЕТО (2007-2011)

Во рамките на Меморандумот за рабирање за Развој на главната регионална транспортна мрежа на ЈИЕ, формиран е Управниот комитет и Транспортната опсерваторија на Југоисточна Европа - СЕЕТО (South-East Transport Observatory). СЕЕТО ја има улогата на технички секретаријат, кој му асистира на Управниот Комитет во имплементацијата на целите на Меморандумот за разбирање (МзР). Важноста на СЕЕТО во координацијата на развојот на главната регионална транспортна мрежа и во подготовката на Повеќегодишниот акциски план беше потврдена со потпишувањето на Резолуциите на Првиот и Вториот годишен министерски состанок, одржани во Скопје во ноември 2005 година и во Брисел, 1 декември 2006 година, соодветно. Како секретаријат на Управниот Комитет, СЕЕТО е помогнат од Националните координатори кои се контакт врската во секоја влада на земјите учеснички. На тој начин, Повеќегодишниот план претставува вистински регионален документ, при што СЕЕТО ја има улогата на координатор и фацилитатор. Република Македонија активно учествува во работата на Управниот Комитет преку свои претставници, а исто така има назначено и свој Национален координатор.
Главната задача на повеќе годишниот план на СЕЕТО е да обезбеди точен и ажуриран попис на состојбите, функционирањето и перформансите на главната регионална транспортна мрежа, која што е дефинирана во Меморандумот за разбирање. Повеќегодишниот план, покрај олеснувањето на планирањето на проектите, има цел да ги промовира институционлните “меки мерки“, кои се потребни за ефективни инвестиции во мрежата, како и да го вклучи регионалниот елемент во планирачкиот процес на национално ниво. Затоа СЕЕТО разви процедури за евалуација, кои се одобрени од Управниот комитет, и кои ги градат приоритетите на проектите врз основа на дефинирани економски, финансиски и други критериуми, вклучувајќи го и потенцијалното регионално влијание.
Воглавно, целите можат да се определат како:

  1. Обезбедување на сеопфатна евиденција (статистика) за главната  транспортна мрежа. 
  2. Следење на функционирањето и перформансите на главната,транспортна регионална мрежа и нејзино унапредување.
  3. Развивање на стратегија за решавање на проблемите.
  4. Истакнување на одреден број на приоритетни проекти за инвестирање кои се најкорисни во регионот.
  5. Имплементирачка програма за основните и пропратните мерки.
  6. Извлекување на резултати од мониторингот и евалуацијата. 

Повеќегодишниот план  2006-2010 беше усвоен во Мај 2006 година, но како иницијална фаза во прогресивниот планирачки процес и како прв чекор во воспоставувањето на регионална соработка во развојот на главната транспортна мрежа. Повеќегодишниот план 2007-2011, кој го надградува претходниот план, беше усвоен во Загреб во Ноември 2006 година од Управниот Комитет и истиот е финално усвоен на Вториот министерски состанок  во Брисел, на 1.12.2006. Едно од најзначајните подобрувања на СЕЕТО планот 2007-2011 е тоа што значителен прогрес е направен во собирањето на податоците, со што е подобрен описот на состојбите на инфраструктурата, на идентификацијата на тесните грла на главните коридори и на можностите за оценка на импликациите за идниот развој. Исто така, дефинирана е листа на инвестициски приоритетни проекти и индикативна програма за имплементација. Во листата на приоритети од значење за Република Македонија, ставени се проектите:
- Демир Капија-Удово-Смоквица,

    1. делниците Гостивар-Букојчани и Деве Баир-Крива Паланка од Коридор 8,
    2. делниците Гостивар-Кичево, Струга - Ќафасан и К. Паланка – Ранковце од Коридор 8
  1. Програма за јавни инвестиции (2007-2009)

Програмата за јавни инвестиции е стратешки документ на Владата на Република Македонија  за период  од три години. Развојната политика на Владата на Република  Македонија за инвестирање во јавната инфраструктура на земјата на среден рок и подолгорочно,  се базира на динамична инвестициона активност која се очекува да резултира со оптимализација на користење на постојните капацитети, реконструкција и модернизација на јавната инфраструктура во функција на обезбедување економичност, повисока ефикасност како и побрзо завршување на започнатите економско оправдани проекти, имајќи ги предвид опциите на помали трошоци. Приодот кон активности за подготовка на програмата за јавни инвестиции се базира на соодветна методологија за селекција на проекти и ефикасен мониторинг на реализација на програмата, како и постигнување на конзистентност на првата година на програмата со капиталните трошоци од Буџетот на државата за истата година.

  1. Национален развоен план (2007-2009)

Секторот за меѓународни инвестиции и интеграции во рамки на Министерство за транспорт и врски ја координира подготовката на инвестициските приоритети во областа на транспортната инфраструктура, дефинирајќи приоритетни проекти од областа на патната, железничката и авио инфраструктурата за наредниот период од 3 години (2007-2009).

СОСТОЈБАТА НА ПАТНАТА  ИНФРАСТРУКТУРА ДОЛЖ  КОРИДОРИТЕ X И VIII   
Двата Коридора 8 и 10 претставуваат стратешки економски приоритети кои ќе направат Република Македонија да прерасне од само географска, во вистинска сообраќајна крстосница на Балканот. Стратешката важност на овие Транс-национални оски е во тоа што ќе придонесат кон побрза и побезбедна заедничка комуникација и транспорт на патници и добра, што доведува до економска безбедност и стабилност.
 Коридорот 10 со вкупна должина во Република Македонија од 172 км  започнува од граничниот премин Табановце, граница со Република Србија и се протега до граничниот премин Богородица, граница со Република Грција. Исто така во состав на патниот коридор Х е и автопатот – крак Велес - Меџитлија, кој поминува и ги поврзува Велес, Прилеп и Битола со Република Грција, со вкупна должина од 127.1 км.
Состојба на автопатот Е-75 Табановце- Гевгелија е следна:

  1. Изградени на ниво на автопат се 132 км.
  2. Делницата Куманово-Миладиновци, Миладиновци-Петровец, Петровец-Катланово, Катланово-Велес  и обиколка  околу Велес, комплетно се изградени како автопат. На овие делници претстои  рехабилитација, за што постојат проекти.
  3. Делницата  Неготино-Демир Капија во должина  од 15,4 км. беше  поделена во три фази, прва и втора фаза се имплементирани преку Фаре Програмата за прекугранична соработка, а третата фаза финансирана преку Европската комисија, CARDS  програма. Делниците се завршени( прва фаза  е завршена во 2003 година,  втора фаза во  2004, трета фаза во 2005 година).
  4. Делницата  Смоквица-Гевгелија во должина од 11.22 км, финансирана преку ЕБРД, е завршена во Јануари 2006 година.
  5. Делницата од Гевгелија до граница со Република Грција во должина од 4,6 км. комплетно е изградена како автопат во периодот 1998-2000 година, со што имаме зголемен проток на граничниот премин и подобра соработка од двете страни на границата.

Со изградбата на горенаведените делници  се  подобри  капацитетот и севкупната ефикасност на автопатот    Е-75 север-југ, се овозможи сигурен и побрз транспорт, намалување на бучавата и загадувањето,  подобри услови за транзитен транспорт,  поддршка и стимулирање на економскиот  развој,  зголемување на капацитетот  и подобра соработка  со соседните земји.
Со изградбата на преостанатите делници Демир Капија-Удово-Смоквица како и делот на автопатот од (Табановце до Куманово) Куманово до граничен премин Табановце  кои  се дел од Трансевропскиот коридор Х,  ќе се добие модерен и брз автопат,  а со тоа подобрување на патниот транспорт ( во рамките на време и чинење). Поврзувајќи ги главните урбанистички, индустриски и комерцијални центри,  ќе може да се поддржи економската размена и соработка помеѓу овие центри  и одржливоста на севкупниот економски развој.
Изградбата  на патната инфраструктура долж Коридор 8 е следна: вкупната должина што поминува низ Република Македонија изнесува  304 км од кои 84 км, или 27,6% се изградени на ниво на автопат, 8,7 % на ниво на автопат се во фаза на изградба ( обиколница Скопје во должина од 26,5км. )
Преостанати се 14 делници за изградба  и тоа:

1. Деве Баир – Крива Паланка, 13,47 км.
2. Крива Паланка – Длабочица, 10,34 км.
3. Длабочица – Страцин, 14,11 км.
4. Страцин – Стрезовце, 18,30 км.
5. Стрезовце-Романовце , 16,6 км.
6. Гостивар – Горна Ѓоновица, 17,3 км.
7. Песочани – Требениште, 12,7 км.
8. Требениште – Охрид, 10,26 км.
13.а Подмоље – Струга, 7,5 км.
9. Струга – Ќафасан, 14,40 км.

Развојот на транспортната инфраструктура во Република Македонија има постигнато забележителни резултати во изминатиот период, но сепак се уште не е достигнато ниво на развој  кое би ги исполнило современите побарувања на општеството и економијата при транспортот на патници и стока.

Во моментот финансирањето на патната инфраструктура се реализира преку  буџетско учество, странски донации и кофинансирање. Со  препораките на ЕУ  ќе започне и финансирање преку систем на инвестирање - Јавно / приватно партнерство (PPP)  и концесии.
Од страна на Владата на Република Македонија донесена е одлука за избирање на консултански тим кој што ќе предложи  постапка, како и доделување на концесија на дел од патната инфраструктура долж коридорите Х и VIII, потоа кракот Хd,  како и на други делници во Република Македонија. Во тек е процедурата за избор на консултански тим.

 

 

ИНФО
Фонд за магистрални и регионални патишта на Република Македонија
Адреса: Даме Груев бр.14, 1000 Скопје, Република Македонија
е-маил: contact@roads.org.mk
тел: 02 3118-044, факс: 02 3220-535
ЛИНКОВИ
Влада на Р.Македонија

Министерство за транспорт и врски
Авто мото сојуз на македонија
Сојуз на возачите на Македонија 

 © 2007 Фонд за магистрални и регионални патишта на Република Македонија   |  dsgn by Flash multimedia