| Врз основа на член 57 од Законот за јавни набавки (,,Службен весник на РМ,, бр.19/2004), Фондот за магистрални и регионални патишта-Скопје, објавува
ПОКАНА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДИ
ОТВОРЕН ПОВИК БР. 07-12/07
(забрзана постапка)
1. ОПШТИ ОДРЕДБИ
1.1 Набавувач на Отворен повик е Фонд за магистрални и регионални патишта, со седиште на улица “Даме Груев” бр. “14”, Скопје, телефон +389 2 3118 044, факс +389 2 3228 454.
1.2 Предмет на овој Отворен повик е: Изработка на завршен слој на регионален пат Р – 106, Градско – Прилеп Делница: од км 30+410 до км 35+022
1.3 На Отворен повик има право да достави пријава секое заинтересирано домашно и странско правно лице кое е регистрирано за градежна дејност.
1.4 Право да достават пријава имаат и група на понудувачи кои склучиле договор за деловно техничка соработка, но во тој случај секој од понудувачите е должен да ја достави потребната документација која задолжително треба да се приложи кон пријавата, а која е таксативно наведена во Точка 2 од овој повик.
1.5 Заинтересираните понудувачи, може да подигнат Тендерска документација за Изработка на завршен слој на регионален пат Р – 106, Градско – Прилеп Делница: од км 30+410 до км 35+022, од канцеларија бр.6 на 3-ти кат, во Фондот за магистрални и регионални патишта, улица “Даме Груев” бр. “14”, Скопје.
1.6 Тендерската документација е изработена на македонски јазик.
1.7 Набавката не е делива и ќе се регулира со еден договор.
1.8 Пријавите од странски понудувачи со пропратна документација треба да бидат преведени на македонски јазик.
1.9 Изведувањето на работите ќе се извршува според програмата за 2007 година, а ќе продолжи во наредните години, согласно со утврдените средства од идните програми.
2. СОДРЖИНА НА ПОВИКОТ
2.1 Претставување на понудувачот (име, адреса, седиште, овластени лица, телефон,телефакс);
2.2 Финансиска и економска способност согласно член 40 од Законот за јавни набавки
2.3 Техничка способност согласно член 41 од Законот за јавни набавки
2.3.1 Изведени објекти од ваков вид во последните 5 (пет) години, со износи, датумите и нарачатели во форма како се бара во понудбената документација.
2.3.2 Механоопременоста, машини, бази, постројки по вид, перформанси, години на старост и сл., како и опремата за докажувањето и контролата на квалитетот на лабораторијата, во форма како се бара во понудбената документација.
2.3.3 Кадровската екипираност на техничките стручни лица кои ќе бидат вклучени за извршувањето на работите и контролата на квалитетот, во форма како се бара во понудбената документација.
2.3.4 Методологијата на градењето, програма за изведувањето и извори на материјалите онака како е дадено во понудбената документација .
2.3.5 Пополнета пресметка со единечни цени и вкупна цена како што е дадена во оригиналот на тендерската документација.Во вкупната цена треба да биде искажана вредноста на ДДВ.
2.4 Гаранција на понудата од прифатлива Банка на 5% од вкупно понудената цена член 81.
2.5 Важност на понудата 63 дена (9 недели).
3. Рок и начин на доставување на понудите
3.1 Рокот и начинот на доставување на понудите е најдоцна до 15.10.2007 година до 12 часот, Пријавите, во согласност член 78 од Законот за јавни набавки, можат да се достават преку пошта, на адреса “Фонд за магистрални и регионални патишта, улица Даме Груев бр. 14” или да се предадат во архивата на Фондот за магистрални и регионални патишта секој работен ден..
3.2 Понудите се доставуваат согласно понудбената документација.
3.3 Пријавите кои ќе пристигнат во архивата на Фонд за магистрални и регионални патишта по истекот на крајниот рок и кои нема да бидат изработени според барањата на овој повик нема да бидат разгледувани.
3.4 Секој понудувач може да учествува само со една понуда
4. Завршни одредби
4.1 Отварањето на понудите е јавно во присуство на овластените претставници на понудувачите, што се докажува со оригинален документ оверен од одговорното лице на фирмата.
4.2 Јавното отварање ќе се изврши на ден 15.10.2007 година во 12 часот, во просториите на Фондот 6-ти кат.
4.3 Понудбената документација може да се подигне секој работен ден од 09-14 часот соба бр.6 на трети кат, а по извршената уплата на неповратен надомест во износ од 5.000,оо денари на жиро сметка, Буџет на РМ Фонд за магистрални и регионални патишта број 100000000063095, уплатна сметка 660016000366012, приходна шифра и програма 725939 00, даночен број 4030981217633. Техничката документација може да се разгледа во истиот термин секој работен ден.
КОМИСИЈА ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ
|