ФОНД ЗА МАГИСТРАЛНИ И РЕГИОНАЛНИ ПАТИШТА НА
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
 
Македонска верзија English version
 
ЗА НАС ДОКУМЕНТИ ПАТНА МРЕЖА ПАТАРИНА ТЕНДЕРИ НОВОСТИ ГАЛЕРИЈА
 
ТЕНДЕРИ
 
ИНФО
Фонд за магистрални и регионални патишта на Република Македонија
Адреса: Даме Груев бр.14, 1000 Скопје, Република Македонија
е-маил: contact@roads.org.mk
тел: 02 3118-044, факс: 02 3220-535
ЛИНКОВИ
Влада на Р.Македонија

Министерство за транспорт и врски
Авто мото сојуз на македонија
Сојуз на возачите на Македонија 

ОГРАНИЧЕН ПОВИК БР. 07-15/2007

 

датум на објавување:

06.11.2007

важи до:

11.12.2007

Врз основа на член 20, 30, 55, 60 став 2 и член 61 од Законот за јавни набавки (“Службен весник на РМ “бр.19/2004) , Комисијата за спроведување на јавни набавки на Фондот за магистрални и регионални патишта , објавува:



ОГРАНИЧЕН ПОВИК БР. 07-15/2007

ЗА ПРИБИРАЊЕ ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПРЕТХОДНО УТВРДУВАЊЕ НА
ЕКОНОМСКО-ФИНАНСИСКАТА И ТЕХНИЧКА СПОСОБНОСТ НА ПОНУДУВАЧИТЕ (ПРЕДКВАЛИФИКАЦИЈА) БЕЗ ЈАВНО ОТВОРАЊЕ



1. ОПШТИ ОДРЕДБИ

1.1 Набавувач на Ограничен повик е Фонд за магистрални и регионални патишта, со седиште на улица “Даме Груев” бр. 14, Скопје, телефон +389 2 3118 044, факс +389 2 3228 454.
1.2 Предмет на овој Ограничен повик е прибирање документација за претходно утврдување на подобноста (предквалификација) на понудувачите како можни носители за:
1. Изработка на инвестиционо техничка документација во фаза Предпроект за
автопатско решение на делницата од патната мрежа Миладиновци -
Св.Николе - Штип;
2. Изработка на Физибилити студија за финансиско-економската оправданост
за автопатско решение на делницата Миладиновци - Св.Николе - Штип;
3. Изработка на Студија за влијанијата врз животната средина од делницата на автопатот Миладиновци - Св.Николе - Штип;
4. Изработка на инвестиционо техничка документација во фаза Идеен проект
за автопатско решение на делницата од патната мрежа Миладиновци -
- Св.Николе - Штип;
1.3 На Ограничениот повик има право да достави пријава секое заинтересирано домашно и странско правно и физичко лице, регистрирано за ваква дејност.

1.4 Право да достават пријава имаат и група на понудувачи кои склучиле договор за деловно техничка соработка, но во тој случај секој од понудувачите е должен да ја достави потребната документација која задолжително треба да се приложи кон пријавата, а која е таксативно наведена во Точка 3 од овој повик.

1.5 Пријавите од странски понудувачи со пропратната документација треба да бидат преведени на македонски јазик.

1.6 Набавката не е делива и ќе се регулира со еден договор.
1.7 Проектната документација треба да се изработи на македонски јазик.
1.8 Отварањето на понудите ќе се изврши без присуство на понудувачите.
1.9 Финансиски средства за изработка на проектната документација се обезбедени со програмата на Фондот за 2007 година.






2. СОДРжИНА НА ПОВИКОТ

2.1 Фонд за магистрални и регионални патишта, има потреба од претходно утврдување на економско-финансиска и техничка способност на понудувачите (предквалификација), преку документација врз основа на која ќе се оцени извршната способност на понудувачите.
2.2 Понудувачите кои ќе се квалификуваат ќе се повикаат да поднесат понуда спрема тендерска документација за:
1. Изработка на инвестиционо техничка документација во фаза Предпроект за
автопатско решение на делницата од патната мрежа Миладиновци -
Св.Николе - Штип;
2. Изработка на Физибилити студија за финансиско-економската оправданост
за автопатско решение на делницата Миладиновци - Св.Николе - Штип;
3. Изработка на Студија за влијанијата врз животната средина од делницата на
автопатот Миладиновци - Св.Николе - Штип;
4. Изработка на инвестиционо техничка документација во фаза Идеен проект
за автопатско решение на делницата од патната мрежа Миладиновци -
- Св.Николе - Штип;


3. ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА ПОНУДУВАЧОТ ЗАДОЛжИТЕЛНО ТРЕБА ДА ЈА ПРИЛОжИ КОН ПРИЈАВАТА:

3.1 Претставување на понудувачот (име, адреса, седиште, овластени лица, телефон,телефакс);

3.2 Финансиска и економска способност согласно член 40 од Законот за јавни набавки
3.2.1 Економско-финансиски бонитет издаден од Централниот регистар согласно со Правилникот за содржината на документот за бонитет (“Службен весник на РМ” бр. 32/98 и 55/98);
3.2.2 Потврда од Управа за јавни приходи за платени даноци, придонеси и други јавни давачки;
3.2.3 Извод од судска регистрација на дејноста (комплет, а во влошката 3 од Изводот дејноста која е предмет на повикот да биде заокружена);
3.2.4 Доказ дека не е во стечај или во процес на ликвидација (извод од судски регистар за поведена постапка за стечај-Потврда од надлежен Основен суд)
3.2.5 Доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена мерка безбедност-забрана на вршење на дејност (извод од судска евиденција-Уверение од надлежен Основен суд-Оддел за прекршоци)
Документите од ставот 3.2.1 до 3.2.5 не смеат да бидат постари од шест месеци а се доставуваат во оригинал или копија заверена од понудувачот. На барање на набавувачот доколку е доставена копија понудувачот е должен да го достави оригиналниот документ на увид.
3.2.6 Странско правно и физичко лице, доставува ревизорски извештај, кој треба да биде позитивен и издаден од странска реномирана институција, регистрирана за вршење на ревизија. Ревизорскиот извештај содржи податоци за вкупното економско работење на странскиот понудувач во последните три години, согласно член 40 став 5 на Законот за јавни набавки;
3.2.7 За докажување на својата финансиска и економска способност, согласно член 40 став 1 алинеја 3 од Законот за јавните набавки (“Службен весник на Р. Македонија” бр.19/2004 и 109/2005), понудувачот, меѓу останатото, задолжително обезбедува и доставува со понудата и документ за регистрирана дејност од Централниот регистар на Р. Македонија за правно лице.
Единствен валиден документ со кој понудувачите ја докажуваат регистрираната дејност на правното лице е Образецот ДРД - Документ за регистрирана дејност, издаден од Централен регистар на Република Македонија.
3.2.8 Странско правно или физичко лице, документите од подточките 3.2.2, 3.2.3, 3.2.4 ,3.2.5, 3.2.7 ги доставува исто така, кои се издадени од соодветна институција во странство;

3.3 Техничка способност согласно член 41 од Законот за јавни набавки
3.3.1 Доказ за минимум по 1(еден) изработен проект и Студија од видот наведени во точка 2.2 за магистрални и регионални патишта во последните 7 години, со детали за истите


4. КРИТЕРИУМИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

4.1 Пријавата да е комплетна односно ја содржи целокупната документација која се бара во Ограничениот повик
4.2 Да бидат исполнети минималните критериуми за техничка способност на понудувачот




5. РОК И НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТАЦИЈАТА

5.1 Рокот на доставување на пријавите до 11.12. 2007 година.
5.2 Пријавите, во согласност член 78 од Законот за јавни набавки, можат да се достават преку пошта, на адреса Фонд за магистрални и регионални патишта, улица “Даме Груев” бр. 14 или да се предадат во архивата на Фондот за магистрални и регионални патишта секој работен ден.
5.3 Пријавите се доставуваат во затворен плик, кој во горниот лев агол треба да носи ознака “не отварај”, како и бројот на овој ограничен повик. Ковертите не треба да содржат никакви ознаки со кои би можеле да се идентификуваат понудувачите.
5.4 Пријавите кои ќе пристигнат во архивата на Фонд за магистрални и регионални патишта по истекот на крајниот рок и кои нема да бидат изработени според барањата на овој повик нема да бидат разгледувани.






КОМИСИЈА ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

 

назад
 © 2007 Фонд за магистрални и регионални патишта на Република Македонија   |  dsgn by Flash multimedia