ФОНД ЗА МАГИСТРАЛНИ И РЕГИОНАЛНИ ПАТИШТА НА
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
 
Македонска верзија English version
 
ЗА НАС ДОКУМЕНТИ ПАТНА МРЕЖА ПАТАРИНА ТЕНДЕРИ НОВОСТИ ГАЛЕРИЈА
 
ТЕНДЕРИ
 
ИНФО
Фонд за магистрални и регионални патишта на Република Македонија
Адреса: Даме Груев бр.14, 1000 Скопје, Република Македонија
е-маил: contact@roads.org.mk
тел: 02 3118-044, факс: 02 3220-535
ЛИНКОВИ
Влада на Р.Македонија

Министерство за транспорт и врски
Авто мото сојуз на македонија
Сојуз на возачите на Македонија 

ОТВОРЕН ПОВИК БР. 07-19/07

 

датум на објавување:

20.12.2007

важи до:

19.02.2008

Врз основа на член 57 од Законот за јавни набавки (,,Службен весник на РМ,, бр.19/2004), Фондот за магистрални и регионални патишта-Скопје, објавува


ОТВОРЕН ПОВИК БР. 07-19/07


1. ОПШТИ ОДРЕДБИ

1.1 Набавувач на Отворен повик е Фонд за магистрални и регионални патишта, со седиште на улица “Даме Груев” бр. “14”, Скопје, телефон +389 2 3118 044, факс +389 2 3228 454.
1.2 Предмет на овој Отворен повик е Изградба на магистрален пат М – 6, Штип – Струмица, Делница: од км 42+700 до км 52+700.
1.3 На Отворен повик има право да достави пријава секое заинтересирано домашно и странско правно лице кое е регистрирано за градежна дејност.
1.4 Право да достават пријава имаат и група на понудувачи кои склучиле договор за деловно техничка соработка, но во тој случај секој од понудувачите е должен да ја достави потребната документација која задолжително треба да се приложи кон пријавата, а која е таксативно наведена во Точка 2 од овој повик.
1.5 Заинтересираните понудувачи, може да подигнат Тендерска документација за Изградба на магистрален пат М – 6, Штип – Струмица, Делница: од км 42+700 до км 52+700 , од канцеларија бр.6 на 3-ти кат, во Фондот за магистрални и регионални патишта, улица “Даме Груев” бр. “14”, Скопје. Лице за контакт Мишко Арсов, тел. +389 2 3118 044, лок.141.
1.6 Тендерската документација е изработена на македонски јазик.
1.7 Набавката не е делива и ќе се регулира со еден договор.
1.8 Пријавите од странски понудувачи со пропратна документација треба да бидат преведени на македонски јазик.
1.9 Изведувањето на работите ќе се извршува според програмата за 2008 година, а ќе продолжи во наредните години, согласно со утврдените средства од идните програми.


2. СОДРЖИНА НА ПОВИКОТ


2.1 Претставување на понудувачот (име, адреса, седиште, овластени лица, телефон,телефакс);
2.2 Финансиска и економска способност согласно член 40 од Законот за јавни набавки
2.3 Техничка способност согласно член 41 од Законот за јавни набавки
2.3.1 Изведени објекти од ваков вид во последните 5 (пет) години, со износи, датумите и нарачатели во форма како се бара во понудбената документација.
2.3.2 Механоопременоста, машини, бази, постројки по вид, перформанси, години на старост и сл., како и опремата за докажувањето и контролата на квалитетот на лабораторијата, во форма како се бара во понудбената документација.
2.3.3 Кадровската екипираност на техничките стручни лица кои ќе бидат вклучени за извршувањето на работите и контролата на квалитетот, во форма како се бара во понудбената документација.
2.3.4 Методологијата на градењето, програма за изведувањето и извори на материјалите онака како е дадено во понудбената документација .
2.3.5 Пополнета пресметка со единечни цени и вкупна цена како што е дадена во оригиналот на тендерската документација.Во вкупната цена треба да биде искажана вредноста на ДДВ.
2.4 Гаранција на понудата од прифатлива Банка на 5% од вкупно понудената цена член 81.
2.5 Важност на понудата 63 дена (9 недели).

3. Критериуми за избор на најповолен понудувач
3.1 Цена 60 бода
3.2 Квалитет 40 бода

4. Рок и начин на доставување на понудите


4.1 Рокот и начинот на доставување на понудите е најдоцна до 19.02.2008 година до 12 часот, Пријавите, во согласност член 78 од Законот за јавни набавки, можат да се достават преку пошта, на адреса “Фонд за магистрални и регионални патишта, улица Даме Груев бр. 14” или да се предадат во архивата на Фондот за магистрални и регионални патишта секој работен ден..
4.2 Понудите се доставуваат согласно понудбената документација.
4.3 Пријавите кои ќе пристигнат во архивата на Фонд за магистрални и регионални патишта по истекот на крајниот рок и кои нема да бидат изработени според барањата на овој повик нема да бидат разгледувани.
4.4 Секој понудувач може да учествува само со една понуда.




5. Завршни одредби


5.1 Отварањето на понудите е јавно во присуство на овластените претставници на понудувачите, што се докажува со оригинален документ оверен од одговорното лице на фирмата.
5.2 Јавното отварање ќе се изврши на ден 19.02.2008 година во 12 часот, во просториите на Фондот 6-ти кат.
5.3 Понудбената документација може да се подигне секој работен ден од 09-14 часот соба бр.6 на трети кат, а по извршената уплата на неповратен надомест во износ од 20.000,оо денари на жиро сметка, Буџет на РМ Фонд за магистрални и регионални патишта број 100000000063095, уплатна сметка 660016000366012, приходна шифра и програма 725939 00, даночен број 4030981217633. Техничката документација може да се разгледа во истиот термин секој работен ден.

5.4 Инструкции за плаќање од странство:
For payment in EUR only

Correspondent bank details (:56:):
DEUTSCHE BUNDESBANK ZENTRALE
Ad
SWIFT BIC: MARK DE FF

Bank details (:57:): NATIONAL BANK OF THE REPUBLIC OF
MACEDONIA
Address: Kompleks Banki bb, 1000 Skopje, MACEDONIA
nonrefundable fee in amount EUR 320
SWIFT BIC: NBRM MK 2X
Final beneficiary (:59:):
IBAN: MK07 1007 0100 0004 729
Name: Fond for international and regional roads
Details of payment (:70):


КОМИСИЈА ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

 

назад
 © 2007 Фонд за магистрални и регионални патишта на Република Македонија   |  dsgn by Flash multimedia