| ПОСЕБНА ОБЈАВА ЗА НАБАВКА
ПОКАНА ЗА ПОНУДУВАЊЕ
(без Предквалификација)
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Втор Проект за олеснување на трговијата и транспортот
Краток опис на Работите:
Автопатот Е-75, делница Табановце - Куманово, со должина од 7.62 км. е дел од Транс Европскиот Патен Коридор X. Оваа делница е лоцирана пред самата граница меѓу Република Македонија и Република Србија. Постојниот пат (1х2), на кој се одвива двосмерен сообраќај, треба да прерасне во автопат (2х2). Работите вклучуваат изградба на еден нов коловоз (паралено со постојниот) и проширување на постојниот коловоз. За изведување на Работите постои Главен Проект, изработен од Гранитпроект-Скопје (на македонски јазик). Трасата на автопатот е во рамничарски терен. Услови на договорот за изградба: FIDIC. Рок за изведување на градежните работи е 18 месеци.
Заем: 4823 МК
Договор/Понуда бр.: 01 ЊБ / 07
ИЗГРАДБА НА АВТОПАТ Е-75,
Делница: “Табановце” - “Куманово”
км. 0+764.70 - км. 8+388.43
Оваа Покана за понудување следи по општата објава за набавка за овој Проект, објавена во Development Business Br. Бр. 1704 од 16 Јуни 2007, (постед онлине 30 Маѕ 2007).
Република Македонија има добиено заем од Меѓународната Банка за Обнова и Развој (ИБРД) за покривање на трошоците на изградба на автопат Е-75, делница Табановце - Куманово, и тој има намера дел од финансиските средства од овој заем да ги искористи за законски плаќања во рамките на Договорот за градежни Работи. Овој Договор ќе биде заеднички финансиран од страна на Фондот за магистрални и регионални патишта. Понудувањето ќе биде регулирано според правилата и процедурите за подобност на Светска Банка. Фондот за магистрални и регионални патишта повикува да се поднесат запечатени понуди од подобни Понудувачи за Работите кои вклучуваат:
Изградба на еден комплетно нов коловоз (11.00 м1), реконструкција со проширување на постојниот коловоз (од постојната широчина 8.00 м1 до ширина од 11.00 м1), зелен-среден појас (4.00 м), и банкини 2х1.00 м).
Очекуваните количини на работите се: ископи од 250,000 м3 , насип 200,000 м3, постелка 150,000 м2, тампон 60,000 м3 и асфалтен коловоз 170.000 м2. Понатаму, работите ги содржат следните елементи:
Канали и објекти за одводнување,
Дислокација на постојните инсталации,
Хоризонтална и вертикална сигнализација,
Мерки за заштита на животната средина,
Обезбедување на непречен сообраќај за време на изградбата на новиот автопат,
АБ мостови, клучки, натпатници, потпатници:
Клучка “Табановце” на км. 1+987 (потпатник, Л= 8.1 м.)
Мост на км. 2+875, Л= 27.0 м.
Натпатник на км. 5+670, Л= 42.0 м. (Речица)
Понудувачите треба да ги исполнат најмалку следните услови за квалификација:
Подобност: Понудувачите треба да ги исполнат условите за подобност (подобни земји, конфликт на итереси, неподобност за Банката, разолуции на Светот за безбеднот на ОН и др.) согласно Тендерската документација,
Финансиска состојба: (а) Минималниот просечен годишен приход од 15,000,000 ЕУР, пресметан како вкупен збир од признати потврди за плаќање примени за тековни или реализирани договори (градежни работи), за последните пет (5 ) години, (б) пристап до финансиски извори, кредитни линии и слично со вредност од најмалку 2,000,000 ЕУР, потребни за покривање на трошоците на изградба во период од три месеци,
Општо искуство: (а) Искуство во реализација на договори во улога на изведувач, подизведувач или раководен изведувач најмалку во последните десет (10) години,
Посебно искуство: (а) успешно искуство во изградба и комплетирање на најмалку два проекти на автопатишта или главни патишта за последните 7 години (2000-2007) секој со вредност не помала од 5,000,000 ЕУР, и (б) за секој од овие проекти треба да биде презентирано минимал¬но искуство во следните клучни активности: (1) 300,000 м3 земјани работи; (2) 2,000 м3 бетонски работи; (3) 30,000 тони асфални работи; (4) искуство во изградба на мостови и/или надвозници
Персонал: (1) Проект менаџер треба да има најмалку 10 год. вкупно работно искуство со најмалку 7 год. работоно искуство на слични проекти и 5 год. како раководител на слични проекти, (2) Помошник Проект менаџер треба да има најмалку 8 год. вкупно работно искуство со најмалку 6 год. на слични проекти и 4 год како раководител на слични проекти, (3) Инженер за асфалти треба да има најмалку 8 год. вкупно работно искуство со најмалку 5 год. на слични проекти, (4) Инженер за материјали треба да има најмалку 8 год. вкупно работно искуство со најмалку 5 год. на слични проекти.
Опрема: Подносителот треба да ја има во сопственост или да има осигурен пристап до следната клучна опрема, не постара од 7 години, со минимални капацитети: (1) опрема за ископ со капацитет 1,500 м3/ден, (2) Бетонска база со капацитет 20 м3/час, (3) асфалтна база со капацитет од најмалку 80 т/час, (4) финишери кои овозможуваат асфалтирање на коловозните ленти со ширина од најмалку 11.0 м. без подолжни споеви.
Камени материјали: Понудувачот треба да достави издржан предлог за изворите на камени материјали (од варовничко и еруптивно потекло)кои ќе ги користи за обезбедување на камените материјали и кои се клучни за изработка на бетони, тампонски материал и асфалти.
Заеднички настапи: Водечкиот партнер секој партнер треба да ги задоволат условите наведени во Тендерската документација.
Максимален процент за подизведување: 40%
Подеталните услови за квалификација се дадени во Тендерската документација
Понудувањето ќе биде спроведено со меѓународно конкурентно понудување (ИЦБ) согласно Директивите на Светска Банка: Набавки во рамките на ИБРД Заеми и ИДА Кредити, Мај 2004) и е отворено за понудувачи од сите земји, како што е дефинирано во Директивите.
Заинтересираните подобни понудувачи може да добијат дополнителни информации од, и да ја разгледаат Тендерската документација во Фондот за магистрални и регионални патишта на адресата дадена подолу од 09:00 до 13:00 часот секој работен ден. Комплетен сет од Тендерската документација на англиски или македонски јазик (по избор на понудувачот) може да биде набавен од страна на заинтересираните понудувачи по доставување на барање во писмена форма на адресата наведена подолу и по плаќање на неповратен износ од 18,000 МКД (македонски денари) или од 300 ЕУР. Методот на плаќање ќе биде на следните банкарски сметки:
За плаќање во денари (МКД):
Назив на примачот Фонд за магистрални и регионални патишта - Скопје
Банка депонент Народна Банка на Република Македонија
Трезорска сметка
Број на сметка
Приходно конто
Програма
Матичен број 100000000063095
660016000366012
725939
00
4089600
За плаќање во ЕУР (или друга конвертибилна валута):
Corespondent Bank details: Deutsche Bunbdesbank Zentrale
Address: Wilhelm Epstain strasse 14, Frankfurt am Main, Germany
SWIFT BIC: MARK DE FF
Bank details: National Bank of the Republic of Macedonia
address: Kompleks Banki bb, 1000 Skopje, Macedonia
SWIFT BIC: NBRM MK 2X
Final beneficiary: IBAN: MK07 1007 0100 0004 729
Name: Fund for National and Regional Roads
На барање на понудувачот, Тендерската документација веднаш ќе биде испратена по брза пошта, но Инвеститорот нема да прифати никаква одговорност во случај на губење на документацијата или на задоцнета испорака.
Ве покануваме да присуствувате на пред-понудбениот состанок, кои ќе се одржат на 15 Февруари, 2008 во 9:00 часот (по локално време) во просториите на Фондот за Магистрални и Регионални Патишта. Од секој Понудвач може да присуствуваат најмногу по два овластени претставника.
Понудите мора да бидат доставени на подолу наведената адреса до или пред 12:00 часот на 21 Март 2008 година. Со секоја Понуда мора да биде приложена и Гаранција на Понудата со вредност од најмалку 15,000,000 МКД, односно 250,000 ЕУР или еквивалентен износ во друга конвертибилна валута. Задоцнетите понуди ќе бидат отфрлени. Понудите ќе бидат отворени во присуство на овластени претставници на Понудувачите и секој кој прифатил да присуствува на адресата наведена подолу со почеток во 12:00 часот на 21 Март 2008 година.
Адреса:
Фондот за магистрални и регионални патишта
ул. Даме Груев 14, 1000 Скопје, Република Македонија
Издавање на Тендерската документација: канцеларија бр. 6, кат 3
Прием на понудите: канцеларија бр. 2, кат 4 (Архива)
Јавно отварање на понудите: сала, кат 6
Лице за контакт: Злате Манев
Тел: + 389 2 3118-044
Факс: + 389 2 3137-229
|